Официјално: „Арена спорт“ ги откупи Шпанците, Португалците и ја продолжи ЛШ!

Години наназад трае трката помеѓу двете најголеми спортски телевизии на овие простори „Арена спорт“ и „Спорт клуб“ на кои се емитуваат најзначајните спортски натпреварувања во светот.

Од телевизијата која е во сопственост на Телеком Србија сега стигна официјална потврда дека стигнале до уште една победа во трката со големиот конкурент. После НБА лигата, „Арена спорт“ од „Спорт клуб“ ги превзеде и пренсоите за шпанската Примера, португалската Примеира, а го блиндираше и своето најголемо богатство – Лигата на шампионите!

Веќе од следното лето новата сезона од португалското првенство ќе започне на „Арена“, додека од летото 2021. година шпанската Примера ќе се пресели на каналите на оваа телевизија.

„Го продолживме договорот до 2024. година и ги откупивме комплетните права за Лигата на шампионите и Лигата на Европа што значи дека од есента 2021. година на нашите канали ќе ги има сите натпревари од овие две престижни натпреварувања. Би споменал дека за шпанската лига од 2021. година ќе станеме ексклузивни емитери на просторите на бивша СФРЈ.

Планираме значајно да ја засилиме „Арена спорт“ во регионот. Исто така, кога станува збор за ЛШ и ЛЕ и за гледачите од Хрватска го земавме најдобриот пакет. Кај нив стартуваме кон средината на 2021. година. Исто така сакам да потврдам дека пред една година со НБА потпишавме шест годишен договор“, ова за „Vecernje novosti“ го изјави Владимир Лучиќ, координаторот за интер и мултимедија на „Телеком Србија групацијата“.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.