ОФИЦИЈАЛНО: Алиоски доби милиони и потпиша за новиот клуб!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски пронајде нов клуб откако како слободен играч го напушти англискиот премиерлигаш Лидс.

Иако беше пред потпис со истанбулскиот тешкаш Галатасарај, сепак на крајот се одлучи да ја прифати понудата на клубот од Саудиска Арабија, Ал Ахли кој не жалеше пари за да го донесе во своите редови.

Според информациите за двегодишниот договор Алиоски ќе заработи неверојатни 5.400.000 евра, а исто така ќе може дополнително да заработи, доколку испони одредени бонуси.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .