ОСУМ голови во Копенхаген: Хрватска поразена во продолженијата, Шпанија оди во четвртфинале! (ВИДЕО)

Вечерва во Копенхаген на „Паркен“ се одигра најинтересниот натпревар од ЕВРО 2020 каде што селекцијата на Шпанија во осминафиналето ја победи Хрватска во меч во кој беа постигнати дури осум голови, а „фуријата“ мораше да го решава натпреварот дури по продолженијата (5-3).

Хрватска поведе после големиот кикс на голманот на Шпанија, Унаи Симон кој ја промаши топката и си постигна комичен автогол. Шпанците израмнија преку Пабло Сарабија во 38. минута за 1-1, резултат со кој двете екипи заминаа на паузата.

Цезар Аспиликуета го носи првото водство за Шпанија со голот со глава во 57. минута, а предноста беше зголемена преку Феран Торес дваесетина минути подоцна. Сепак, Хрватите не се предадоа и во 85. и 92. минута преку Орсиќ и Пашалиќ израмнија на 3-3.

Шпанците подобро влегоа во продолженијата, уште во првото постигнаа два погодоци (Мората, Ојарзабал) и го решија натпреварот.

Во четвртфиналето ќе го чекаат подобриот од натпреварот Франција – Швајцарија, кој се игра во моментов.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .