Не е само Милан: Уште еден клуб од Серија А се вклучи во трката по Барди!

По веста дека се подготвува трансфер на Енис Барди во екипата на Милан, сега и Торино влегува во трката за потписот на македонскиот репрезентативец.

Барди во моментов се наоѓа на подготовки со Леванте, меѓутоа интересот од ден на ден се повеќе расте, особено по добрите настапи минатата сезона и во шпанскиот шампионат, и во дресот со државниот грб.

Особено интересот доаѓа од Италија, каде што Барди би можел да им се приклучи на Елмас, Пандев и Несторовски, кои се дел од екипи на Серија „А“, а можно е таму да има уште некој, со оглед дека Салертинана преговара за Николов.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .