Оправдана реакција на Атаман: Не е фер Жалгирис да игра со навивачи, а другите пред празни трибини

Тренерот на Анадолу Ефес, најдобриот тим во Евролигата во минатата не довршена сезона, Ергин Атаман, сосема оправдано после поразот на гостувањето кај Жалгирис во Каунас се пожали поради пет илјадната публика која присустваше на мечот од најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.

Турчинот смета дека не е фер Жалгирис да настапува пред навивачи, а другите да играат пред празни трибини. Инаку, дали ќе има навивачи на трибините зависи од актуелната состојба со корона – вирусот.

„Играме во истото натпреварување, без предност на домашен терен, без навивачи, но некои имаат навивачи. Морам да се пожалам повторно и да ја запрашам Евролигата колку е не праведно што минатата сезона е прекината, а оваа не се игра во фер услови. Ако играме во истото натпреварување, тогаш мораме да играме и во иста ситуација кога станува збор за навивачите“, изјави Атаман.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .