Кошаркарите на МЗТ Скопје успеаа да ја добијат „мајсторката“ против Куманово (94:93), во малата сала во „Јане Сандански“ и така да се пласираат во полуфиналето од плејофот, каде што ќе се сретнат со Пелистер.
Победата лесно можеше да заврши кај гостинските кошаркари кои на минута ипол до крајот на регуларниот дел имаа 10 поени предност, меѓутоа Олуџоби со неколку тројки по ред, што во последната минута, што во продолжението ги однесе „металците“ во следната рунда.
Олуџоби монструозната партија ја заврши со 32 поени, 21 поен запиша Гравет, додека Магдевски имаше 12 поени. Црниќ беше најефикасен кај гостите со 27 поени, 19 запиша Робев, а два помалку Ливингстон.