Динамо Загреб ја одреди цената за својот бисер Олмо и таа е- неверојатна!

Шпанскиот фудбалер Дани Олмо најверојатно ќе стане најскапиот играч во историјата на Динамо Загреб. Одличниот фудбалер од средниот ред е спремен да направи голем трансфер летово, а според медиумите во Хрватска сумата која ја бара Динамо е голема.

Клубот од Загреб од заинтересираните клубови ќе побара дури 40 милиони евра, што е многу поголема сума од таа што се споменуваше во минатите месеци. „Модрите“ прво побараа 25 милиони евра. За младиот Шпанец се заинтересирани најголеми европски клубови како Реал Мадрид и Барселона.

Олмо е член на младинската селекција на „црвената фурија“ и ќе ги предводи на престојното младинско првенство во Италија, а во брзо време ќе биде и член на А селекцијата. Овие факти ја дигаат цената на Олмо на фудбалерот кој има договор со „модрите“ до летото 2021 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .