Олдриџ ја заврши кариерата

Еден од најдобрите крилни центри во НБА лигата во последната деценија, Ламаркус Олдриџ одлучи да ја заврши кариерата, поради проблемите со срцето. Олдриџ на 28. март потпиша за Бруклин Нетс, меѓутоа му беше воспоставено неправилно работење на срцето и беше принуден да ја заврши кариерата.

„Додека го играв последниот натпревар, се соочив со неправилно работење на срцето. Истата ноќ ситуацијата се влоши. Следното утро им кажав на луѓето од клубот што се случи и веднаш ме однесоа на прегледи во болница. Сега се чувствувам подобро, но тоа што го почувствував беше нешто најстрашно што некогаш сум го искусил. Донесов тешка одлука. До сега ја ставав кошарката на прво место, но сега е време здравјето и семејството да ги ставам на прво место“, напиша Олдриџ на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .