Октриено како Саутгејт одлучил кој ќе шутира пенали: Англичаните биле шокирани кога го виделе Сака!

Очекуван е овој момент што се случува во Англија. Се очекуваше медиумите од Островот, посебно таблоидите да „удрат“ силно по селекторот Герет Саутгејт, поради поразот на „Вембли“ на пенали од селекцијата на Италија, која стана нов Европски првак.

Сега тие истражуваат како нивните фудбалери успеаа да утнат три пенали. Најкритични се за одлуката пенал на шутира Букајо Сака, односно зошто тој добил шанса да шутира, а не поискусните Рахим Стерлинг и Џек Грилиш.

Имено, Саутгејт изведувачите ги бирал откако неговиот помошник Стив Холанд бележел резултати од шутирањето на пеналите на тренинзите уште од септември минатата година и дека Сака имал најдобри резултати.

Останатите фудбалери не знаеле дека Саутегејт имал такви белешки и биле шокирани кога одлучил да му даде задача на Сака да шутира, а на крајот неговата одлука се испостави како – погрешна!

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .