Озил „згрми“ по управата на Арсенал: Не ми даваат да играм!

Познатиот германски фудбалер Месут Озил веќе некое време не е во добри односи со управата на Арсенал откако одби да прифати намалување на платата.

Сега „топчиите“ превзедоа нов, радикален потег и не го пријавија на списокот на играчи за Премиер лигата, што значи дека Озил ќе ја „преседи“ сезоната.

Токму затоа поранешниот фудбалер на Реал Мадрид преку социјалните мрежи испрати соопштение во јавноста во кое „удри“ до раководството на клубот од Северен Лондон.

„Тешко ми е ова да го напишам до навивачите на Арсенал за кои играв во изминативе години. Многу сум разочаран што не сум регистриран за настап во Премиер лигата. Откако во 2018. година потпишав нов договор се обврзав на верност кон клубот што го сакам Арсенал и тажен сум што тоа не ми е возвратено.

Денеска очигледно е тешко да бидеш лојален. Се обидов да останам позитивен од недела во недеал, се надевав дека ќе ми стигне шансата и дека ќе се вратам во екипата наскоро. Поради тоа што молчев до сега. Пред паузата за корона – вирус бев многу среќен како се развиваше ситуацијата со новиот тренер Микел Артета.

Бевме на добар пат и моите игри беа на добро ниво. Знам дека работите повторно се променија. Не ми дадоа да играм за Арсенал. Што повеќе можам да кажам? Лондон се уште го чувствувам како свој дом, овде имам многу добри пријатели и чуствувам голема поврзаност со навивачите.

Без оглед на се нема да дозволам мојата осма сезона во клубот да заврши на овој начин. Оваа одлука ништо нема да промени кај мене. Ќе продолжам да тренирам најдобро што можам и секогаш ќе го подигнам својот глас против нехуманоста и за правдата“, напиша Озил на Инстаграм.

View this post on Instagram

This is a difficult message to write to the @Arsenal fans that I’ve played for over the past few years. I’m really deeply disappointed by the fact that I have not been registered for the @premierleague season for the time being. Upon signing my new contract in 2018, I pledged my loyalty and allegiance to the club that I love, Arsenal, and it saddens me that this has not been reciprocated. As I have just found out, loyalty is hard to come by nowadays. I've always tried to remain positive from week to week that there's maybe a chance to get back in the squad soon again. That's why I kept silent so far. Before the Coronavirus break I was really happy with the development under our new coach Mikel Arteta – we've been on a positive way and I would say my performances were on a really good level. But then things changed, again, and I was not longer allowed to play football for Arsenal. What else can I say? London still feels like home, I still have many good friends in this team, and I still feel a strong connection with the fans of this club. No matter what, I will keep fighting for my chance and not let my 8th season at Arsenal end like this. 🙏🏼🙏🏼 I can promise you that this hard decision won't change anything in my mindset – I will continue to train as best as I can and wherever possible use my voice against inhumanity and for justice. #M1Ö #YaGunnersYa

A post shared by Mesut Özil (@m10_official) on

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .