Од Суперлигата се огласија: Еве што ќе се случи со натпреварувањето!

И покрај фактот што англиските клубовите се откажаа (двата Манчестера, Ливерпул, и трите лондонски клуба, Челси, Тотенхем и Арсенал), сепак челниците на Суперлигата не планираат да се откажат од новоформираното натпреварување.

Доцна синоќа останатите членови на СЛ одржаа итен состанок после кој со соопштение ја известија јавноста за своите идни чекори.

„Европската Суперлига е убедена дека моменталниот статус кво на европскиот фудбал мора да се смени. Предлагаме ново европско натпреварување затоа што постоечкиот систем не функционира. Нашиот предлог има за цел спортот да напредува стварајќи ресурси и стабилност за целата фудбалска пирамида, вклучувајќи и помош да се надминат финансиските потешкотии кои ги искусија сите фудбалски заедни поради последица од пандемијата.

Исто така би понудила и материјално унапредена солидарна исплата на сите фудбалски акционери. И покрај откажувањето на англиските клубови, принудени да донесат таква одлука поради притисокот кој е над нив направен, убедени сме дека нашиот предлог комплетно е во рамките на европските закони и правила што е потврдено и со судската одлука да ја заштити Суперлигата од надворешни влијанија.

Следејќи ја моменталната ситуација, ќе разгледаме кои се најдобрите чекори за промена на проектот, со тоа што нашата главна цел ќе биде да им понудиме на навивачите најдобро искуство, а притоа да има унапредена солидарна исплата за комплетната фудбалска заедница“, се вели во соопштението на Суперлигата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .