Денешната ждрепка во просториите на ИХФ ги одлучи полуфиналните средби од фајнал – фор турнирот во Лигата на шампионите.
Селекторот и капитен на Македонија ќе се судри против својот поранешен клуб Барселона, тимот со кој ја освои единствената титула во ова елитно натпреварување.
Во второто полуфинале, Раул Гонзалез и ПСЖ ќе се судрат со аутсајдерот на Ф4 турнирот, данскиот Алборг. Полуфиналињата ќе се одиграат на 12. јуни, додека мечот за трето место и финалето ќе бидат одржани ден подоцна.