Одредена суспензијата за Сари, Лацио останува без својот тренер!

Римски Лaцио загуби на дербито против Милан со 2-0, но во самиот финиш на мечот се случи инцидент прво Златан Ибрахимовиќ имаше физички контакт со Лукас Леива, но поголема драма изрежира Маурицио Сари со младиот Алексис Салемакерс. На искусниот стратег не му се допадна однесувањето на фудбалерот на Милан, па тргна да се докажува и заработи црвен картон.

Поради овој инцидент дисциплинската комисија одлучи да го казни Сари со два натпревари, но и поради протестите и навредите кои ги упатил кон судијата.

Ова значи дека Сари ќе ги скокне дуелите со Калјари и Торино, ама ќе биде на клупата за дербито со Рома.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .