Одлични вести за Покетино пред мечот против Сити

Најголемото засилување за ПСЖ, Лионел Меси поради повреда на колената ги пропушти последните два натпревари на „светците“, а навивачите стравуваа дека нема да настапи ниту во дербито од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Сепак, француските медиуми објавија добри вести за Маурицио Покетино. Имено, Меси синоќа комплетно го одработил тренингот и немал никакви болки. Сепак, се уште не е познато дали Аргентинецот ќе се најде во тимот на ПСЖ за мечот против Сити.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.