Одличниот одигран турнир – крунисан со титула: Втор пехар за Зверев во Мадрид!

Најдобриот германски тенисер Алсексадар Зверев по втор пат во кариерата го освои Мастерсот во Мадрид откако во финалето го победи Матео Беретини со 2:1 во сетови (6:7, :6:4, 6:3) за два часа и 41. минута.

За Саша Зверев ова е четвртата титула во кариерата на турнирите од серијата 1.000, два има во главниот град на Шпанија и по еден на Отвореното првенство во Италија и Роџерс Купот, кој се игра во Канада.

24- годишниот Гермнанец заслужено стигна до титулата, играше најдобар тенис, а на патот до финалето го елиминираше и „кралот на земјата“ Рафаел Надал. Италијанецот Беретини пружи солиден отпор, го зема првиот сет, но немаше сила да го направи последниот чекор.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .