Одлична вест за „црвено-црните“: Криштопанс се враќа

Даинис Криштопанс ги надмина проблемите со повредата и е подготвен за саботниот натпревар од Лигата на шампионите против Мешков Брест на гости во Белорусија. Летонецот се повреди во натпреварот од СЕХА-лигата против Војводина, поради што ги пропушти двата меча од ЛШ против Киелце.

Ова е одлична вест за Вардар кој денеска полета за Белорусија. Во тимот се најде и Дисингер, а во Скопје остана само Сергеј Горбок кој се уште има проблеми со повредата. Натпреварот помеѓу Мешков и Вардар се игра во сабота (17:30).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .