„Овој е поцрн од оделото“: Убава шпанска новинарка направи расистички скандал!

Реал Мадрид летово во последните часови од предониот рок успеа да го ангажира Едуард Камавинга, еден од најголемите таленти во светот. Сепак, неговата промоција не помина во најдобар ред поради убавата шпанска новинарка Лорена Гонзалез која направи расистички скандал.

Имено, Лорена заборави да го исклучи микрофонот и даде еден расистички коментар за изгледот на фудбалерот.

„Овој дечко е поцрн од оделото кое го носи“, кажа Лорена.

Телевизијата РТВЕ и Лорена брзо се огласија и упатија извинување, но сигурно дека ќе има жестоки последици по убавата новинарка.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .