Овој ден никогаш нема да го заборави: Играл Плејстејшн дома, Ајакс го повикал – ВЕДНАШ да се нацрта во Данска!

Повратникот во редовите на Ајакс, Дејви Класен имал неверојатен ден во вторникот, на денот на натпреварот од Лигата на шампионите, каде неговиот клуб гостуваше во Данска против Мидтјиланд каде победи со 1-2.

Иако имаше најави дека заедно со Душан Тадиќ, голманот Онана и соиграчот Гравенберг нема да отпатува во Данска поради наводниот позитивен корона – тест, сепак во последен момент Ајакс го повикал да настапи.

„Седев дома на каучот и играв Плејстејшн кога добив повик да тргнам за Данска. Со мене, за среќа беше и резервниот голман Стекеленбург. Успеавме да стигнеме точно на време. Имавме луд, но одличен ден“, откри Класен веднаш по натпреварот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .