Обамејанг во болница – фатил маларија!

Првата ѕвезда на Арсенал, Пјер – Емерик Обамејанг заболел од маларија додека играл за репрезентацијата на Габон. Напаѓачот веќе неколку денови се наоѓа во болница, а на социјалните мрежи откри дека се чувствува добро.

„Здраво на сите, благодарност до сите за сите пораки и повици. За жал заболев од маларија додека бев со репрезентацијата на Габон пред неколку недели. Оваа недела поминав неколку дена во болница, но веќе се чувствувам се подобро од ден за ден, благодарение на докторите кои ја установија болеста и брзо реагираа“, вели Обамејанг.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .