Ноле го изедначи рекордот на Сампрас: Шести пат ја завршува годината на првото место!

Новак Ѓоковиќ годината повторно ќе ја заврши на првата позиција, по шести пат во својата богата кариера. Ова големо достигнување до сега му успеало само на легендарниот Американец Пит Сампрас, идолот на Новак од детството.

Единствениот кој можеше да ја загрози позицијата на Ѓоковиќ беше големиот ривал Рафаел Надал, а услов за тоа беше да игра на турнирот во Софија. Меѓутоа, фантастичниот Шпанец не се ни пријави на турнирот, па автоматски Новак го осигура првото место.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .