Фудбалерите на Челси се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите. На „сините“ им беше доволна победата од 0-2 во првиот меч на гости кај Порто, па вечерашниот минимален пораз (0-1), не им наштети.
Моментот на натпреварот (можеби и на досегашниот дел од ЛШ), се случи во 89. минута кога Иранецот Тареми постигна неверојатен погодок со ножички.
Челси во полуфиналето ќе се судри со подобриот од натпреварот Ливерпул – Реал Мадрид.