Нов шок за навивачите на Интер: Лукаку се враќа во Челси, преку 100 МИЛИОНИ за „нероаѕурите“!

Непријатно изненадување летово доживеаа навивачите на италијанскиот првак Интер, кои останаа разочарани поради продажбата на еден од најдобрите десни бекови на дешеницата Ашраф Хакими во ПСЖ, но тоа што им следи, тешко ќе го преболат.

Имено, според информациите од угледните европски медиуми, Ромелу Лукаку е пред враќање во Челси. На „сините“ им беше една понуда одбиена (100.000.000 плус Маркос Алонсо), но сега следи нова, подобрена понуда која според инфото од Милано ќе биде прифатена.

Европскиот првак ја зголемил за 20.000.000 евра, што значи 120.000.000 евра и Маркос Алонсо. Останува да видиме дали ќе се случи трансферот и каква ќе биде реакцијата на ултрасите на Интер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .