Нов шок за навивачите на Рома: Детето на клубот си заминува од Рим

Навивачите на Рома веќе некое време не се во добри односи со управата на клубот. Тие не можат да му простат на раководството на клубот што толку лесно се откажа од Даниеле Де Роси, а од директорската функција си замина и Франческо Тоти.

И кога сите мислеа дека работите ќе тргнат на подобро, стигна нов шок за навивачите. Имено, Рома размислува да го продаде Алесандро Флоренци кој долги години е дел од клубот од Рим.

Тој самиот побарал да си замине од „Олимпико“ поради слабата минутажа. За Италијанецот интерес покажале Интер, Фиорентина и Лион.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .