Нов кикс на Јувентус, Интер се поблиску до Скудетото (ВИДЕО)

Само теоретски фудбалерите на Јувентус можат да ја одбранат шампионската титула во Серија А. „Старата дама“ продолжува со лошите резултати, откако на гостувањето во Фиренца кај сезонава слабата Фиорентина одигра само 1-1.

„Виолетовите“ први дојдоа до водство со голот на Душан Влаховиќ од пенал во 29. минута. Српскиот напаѓач со „паненка“ го матираше Шчешни, додека Јувентус израмни во 46. минута со голот на Алваро Мората кој стрелаше само 30 секунди по влегувањето во игра.

Андреа Пирло има големи проблеми сезонава, а освен што речиси сигурно е загубено Скудетото, ултрасите на Јувентус стравуваат и за настапот во Лигата на шампионите следната сезона, кој е доведен во прашање.

Интер од друга страна максимално ги користи киксовите на Јувентус. „Нероаѕурите“ денеска ја искористија фаворитската улога против Верона, славејќи со 1-0, со голот на Дармиан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .