Нов кикс на Сити: „Чеканите“ им откинаа бодови! (ВИДЕО)

Навивачите на Манчестер сити немаат многу причини за задоволство по првите пет коло од Премиер лигата. Сити и денеска не успеа да победи на гостувањето кај Вест хем каде освои само бод (1-1).

Сега „граѓаните“ од воведните пет кола имаат две победи, две нерешни и еден пораз па се наоѓаат на 12 позиција на табелата. Што се однесува до натпреварот, „чеканите“ први поведоа со евроголот на Антонио, а Сити израмни преку Фил Фоден.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .