Фудбалската репрезентација на Чешка после победата над Шкотска во првото коло, стигна до позитивен резултат и во второто, каде што ремизираше со фаворизираната Хрватска (1-1).
Чесите повторно беа предводени од Патрик Шик кој прецизно стрелаше од еден сомнително досуден пенал, додека Перишиќ израмни за „коцкестите“.
Чешка сега има четири бодови, додека Хрватска еден, додека вечерва на „Вембли“ ќе се судрат Англија и Шкотска.