Ново разочарување за Мурињо: Спарси поразени од Јунајтед во Лондон! (ВИДЕО)

По се изгледа единствен начин да се спаси сезоната Тотенхем ќе треба да победи на 25. април кога го игра финалето од Карабао купот кога игра против апсолутниот фаворит во финалето, Манчестер сити.

Жозе Мурињо не може да биде задоволен, а по сензационалната елиминација од Лигата на Европа, каде што беа поразени од загребачки Динамо, сега Спарси се одалечија од местата кои водат во европкуповите, откако загубија на домашен терен од директниот ривал Манчестер јунајтед (1-3).

Тотенхем поведе преку Сон во 40. минута, меѓутоа „ѓаволите“ како голем клуб направија комплетен пресврт преку Фред, Кавани и Гринвуд стигнаа до трите бодови.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.