Нови снимки од „пеколот“ во Загреб: „Бојсите“ прогласија победа, Полјаците ги спаси полицијата! (ВИДЕО)

Голема хулиганска тепачка се случи синоќа во Загреб помеѓу хулиганите на варшавска Легија и на Динамо, популарните „Бед Блу бојси“.

Полските хулигани свесно го одбрале кафулето во населбата Дубрава во близина на култниот „Максимир“, населба која е позната по тоа што живеат најжестоките хардкор навивачи на клубот од Загреб, а тоа им се врати како бумеранг.

Инаку, вакви случки често можат да се забележат во навивачкиот свет како последици на претходен договор, или како во случајов, откако една екипа ќе дојде во друг град и провокативно ќе одбере место за дружба на територија која ја држат домашните навивачи.

Голем број на „Бојси“ откако дознале веднаш тргнале кон кафичот во кој се наоѓале Полјаците. Навивачите на Динамо веднаш ги нападнале маскирани, опремени со палки, шипки, а во посед имале и факели.

Полјаците вратија со влаши, пепељари, столици и се што ќе им дојде при рака, но кога снемаа „оружје“ се повлекоа. Навивачите на Динамо броеле околу 200, додека хулиганите на Легија биле 150. Откако биле совладани, Полјаците се разбегале, а повредените биле опкружени од полицијата. Останува да видиме како ќе помине реваншот во Полска.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .