Легендарниот голман Икер Касиљас повторно има проблеми со срцето, пренесуваат шпанските медиуми, кои тврдат дека долгогодишниот член на мадридски Реал бил примен во мадридска болница на 28. април.
Имено, Касиљас почуствувал болки во градите додека играл падел – тенис со пријателите. За среќа, тестовите покажале дека не се работи за срцев удар, но му било советувано да води грижа за сопственото здравје.