Нови проблеми за Поповиќ: Уште една ѕвезда од „Дрим тимот“ не патува во Токио!

Првата ѕвезда на Чикаго Булс, Зек Левин нема да може да им помогне на колегите од репрезентацијата на САД, откако американските медиуми пренесуваат дека тој нема да патува на Олимписките игри во Токио, поради корона – вирус!

Ова е нов проблем за селекторот, легендарниот Грег Поповиќ, затоа што претходно поради корона – вирусот учеството го откажаа Бредли Бил и Кевин Лав. Двајцата беа заменети од Џавал Мекги и Килдон Џонсон, додека Џереми Грант успеа на време да го „одлежи“ карантинот и ќи биде присутен во Токио.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .