Нови моменти на релација Јувентус – Роналдо

За Јувентус минатата сезона беше најлошата во последната деценија. „Старата дама“ после девет години остана без Скудетото, а во Лигата на шампионите сензационално беа елиминирани од португалскиот тешкаш Порто.

По завршувањето на сезоната многумина тврдеа дека првата ѕвезда на клубот од Торино, Кристијано Роналдо ќе си замине, но во последните денови се случил пресврт и Португалецот најверојатно ќе остане во „црно – белиот дрес“.

Имено, Јувентус му подготвил нов договор на еден од најдобрите фудбалери во историјата со траење до 2023 година, а неговиот агент Жорге Мендеш утре ќе допатува во Торино на финални преговори.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.