Новицки, Кид и Марк Кјубан отпатуваа во Љубљана за да го потпишат историскиот договор со Дончиќ (ВИДЕО)

Фантастичниот Лука Дончиќ заслужено стана еден од најплатените играчи во НБА лигата, откако синоќа го стави потписот за продолжувањето на соработката со Далас Маверикс и така ќе заработи неверојатни 207.000.000 евра за наредните пет години.

Колку продолжувањето на соработката им беше важна на челните луѓе на Маверикс, доволно говори податокот дека газдата на франшизата од Тексас, Марк Кјубан допатува во Словенија заедно со својот советник, легендарниот Дирк Новицки, но и тренерот на клубот и уште една НБА легенда – Џејсон Кид, за да му го предадат договорот.

„Денеска ми се оствари сонот. Кошарката ми даде толку многу и ме однесе на толку неверојатни места. Воодушевен сум што продолжувам со Далас и благодарен сум на поддршката која ја имам од навивачите“, кажа Дончиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .