Новиот фудбалски „дијамант“: ПСЖ веќе му исплаќа милиони, а неговата популарност на Инстаграм е огромна!

Минатата година 16-годишниот Чави Симонс одлучи да ја напушти Барса и да потпише договор со францускиот шампион ПСЖ.

Талентираниот фудбалер уште од сега е голема ѕвезда. Симонс на Инстаграм го следат повеќе од два милиони луѓе, а за својата иднина воопшто не треба да се грижи.

Тој од договорот со „светците“ заработува милион фунти годишно. Исто така има богат спонзорски договор со Најк.

Името го добил по еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во историјата, Чави Ернандез.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .