„Новиот формат на ЛШ е помало зло од Суперлигата“

Жестоки критики претрпеа клубовите кои се обидоа да ја формираат Суперлигата, во која требаше да членуваат најмоќните европски клубови. Сепак, голем број на негативни коментари има и за новиот формат на Лигата на шампионите кој треба да стартува во 2024. година.

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити, Илкај Гундоган јавно порача дека никако не му се допаѓа новиот формат.

„Со целата така приказна околу Суперлигата… Ќе може ли исто така да зборуваме и за новиот формат на Лигата на шампионите? Се повеќе и повеќе натпревари, никој не мисли на нас играчите? Новиот формат само е помало зло од двете зла во однос на Суперлигата…“, напиша Гундоган.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .