Новиот тренер на Баерн е помлад од капитенот на клубот

Германскиот гигант Баерн Минхен денеска потврди дека нов тренер на клубот е Џулијан Нагелсман кој на кормилото ќе го замени Ханси Флик, моменталниот тренер на Баварците кој си заминува на крајот од сезоната.

Интересно, сега веќе новиот тренер на Баерн е помлад година дена од капитенот на клубот, голманот Мануел Нојер. Нагелсман е роден на 23. јули 1987 година, додека Нојер е роден на 27. март 1986 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .