Нова трагедија во македонскиот ракомет: Почина 20 – годишен ракометар на Бутел

Нова трагедија ја шокираше македонската спортска јавност, откако беше потврдено дека починал младиот 20 – годишен ракометар на скопски Бутел, Марко Божиновски.

Според првичните информации станува збор за срцев удар, кој го добил во сон. Божиновски е дете на Металург, а пред две години се пресели во Бутел. Тој беше кадетски и јуниорски репрезентативец на Македонија.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.