Нова позајмица за Лингард

И покрај фантастичната сезона како позајмен фудбалер во редовите на Вест хем, сепак ниту сезонава нема да има место во Манчестер јунајтед за Џеси Лингард, кој наводно повторно ќе биде позајмен.

Според информациите на медиумите од Островот за англискиот репрезентативец бил заинтересиран Лестер кој сака да го позајми, а следното лето и да го откупи неговиот договор.

Сепак, овој трансфер во голема мера зависи и од заминувањето на Џејмс Медисон за кој е заинтересиран Арсенал.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .