Македонија ќе се бори за медал! Ова можеше да се претпостави уште после првата победа на Дејан Георгиевски кој го елиминираше светскиот првак во таеквондо Рафаел Алба Кастилјо, а сега во четвртфиналето беше елиминиран и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.
Георгиевски славеше со 9-4, додека мечот изобилуваше со тактизирање, а првата рунда заврши со 0-0. Македонецот во полуфиналето ќе се бори против Кореецот Ин, кој е втор фаворит на олимпискиот турнир во таеквондо.