Нова одлука на Владата: Нема задолжително тестирање пред секој меч!

Владата на Република Македонија донесе одлука да го промени протоколот за одржување на спортски настани. Станува збор за точката според која клубовите мораат да ги тестираат играчите најмногу 72 часа пред секој натпревар.

Оваа точка предизвика огромни реакции на спортските клубови кои мораат од свој џеб да ги плаќаат тестовите, а затоа и беше суспендирана фудбалската и ракометна лига. Сега Владата одлучи да би променета оваа точка.

„Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, за престанување на важење на препораката по однос на задолжително PCR тестирање на играчите и тренерите 72 часа пред почетокот на секој натпревар“, велат од Владата.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .