Нова катастрофа на Вардар: Мешков Брест ги демолираше „црвено-црните“

Европскиот шампион Вардар продолжува со лошите игри во најсилното ракометно натпреварување, Лигата на шампионите. Дојде ред и на Мешков Брест да си поигра со македонскиот првак. Белорусите убедливо победија на домашен терен 31-22, а веќе може да се констатира дека Вардар е во криза.

Сепак, конечниот резултат не е реален затоа што на помалку од 10 минути до крајот Вардар имаше само еден гол негатива. Ова не е крај на проблемите на „црвено-црните“. Еден од најдобрите ракометари Диаинис Кристопанс ја обнови повредата во вториот дел, па тешко дека ќе го видиме на паркетот до крајот на годинава.

Стоилов со шест погодоци беше најефикасен кај нашиот тим од кои пет ги постигна во првиот дел, а по четири погодоци постигнаа Дибиров и Атман. Десното крило на Мешков, Ваилипау беше играч на натпреварот и мечот го заврши со 12 постигнати погодоци, додека голманот Пешиќ имаше 14 одбрани.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .