Новак Ѓоковиќ преку видео – порака му го честиташе 40. роденден на Федерер (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ му го честиташе роденденот на големиот ривал, Швајцарецот Роџер Федерер кој денеска наполни 40 години.

Во видео снимката која ја објави каналот на АТП, Ѓоковиќ со одбрани зборови му се обрати на Федерер кој исто така е еден од најдобрите тенисери во историјата.

„Здраво Роџер, среќен 40. роденден. Големо достигнување. И понататаму не инспирираш сите нас и на теренот и надвор од него. Голема е честа што го делам теренот со тебе во последните 15 години и се надевам дека и понатаму ќе играш, му требаш на спортот. Ти благодарам на се што направи. Ти посакувам се најубава, добро здравје, љубов и среќа за тебе и твотите најблиски“, кажа Ѓоковиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.