Новак му врати на Надал: Како Рафа гледа на работите, тоа е негова работа

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ му возврати на големиот ривал Рафаел Надал, за коментарите дека Србинот е опседнат со освојување на трофеи.

„Тоа што Надал го посакува и како размислувам, како тој гледа на работите, тоа е негова работа, јас не влегувам во тоа, не можам да зборувам за него. Јас не чувствувам дека сум опседнат со нешто во животот, јас чувствувам дека имам страст и голема желба и цел кон кој одам. Немам проблем да кажам дека мојата цел се рекордите“, вели Ѓоковиќ.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.