„Новак е помлад, но Рафа ќе има најмногу Слемови“

Рускиот тенисер Карен Качанов смета дека Рафаел Надал кариерата ќе ја заврши со повеќе Гренд слем титули од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Надал минатата недела ја освои 13. Гренд слем титула на Ролан Гарос, откако шокантно го декласираше светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови.

„Мислам дека на крајот Рафа ќе има најмногу Слемови. Тоа е моето мислење. Иако многу се обложуваат на Ѓоковиќ затоа што е помлад, мислам дека Надал ќе биде рекордер“, гласеше изјавата на Качанов.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .