Новак го понижи Нишикори и го направи тоа што на никој не му успеало

Светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ е во страшна форма. Србинот го продолжува походот по златниот медал на Олимписките игри во Токио, а денеска во четвртфиналето го згази домашниот Кеи Нишикори со убедливи 2-0 (6-2, 6-0).

Српскиот тенисер со пласманот во полуфиналето, стана првиот тенисер во историјата кој успеал да игра во три полуфиналиња на едни Олимписки игри. Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот Зверев – Шарди.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.