Ништо од Реал, Алегри нов тренер на Јувентус!

Иако кружеа шпекулации дека Макс Алегри ќе го превземе кормилото на мадридски Реал, по напуштањето на Зинедин Зидан, сепак по се изгледа италијанскиот стратег ќе се врати во Јувентус, пренесува угледниот новинар Фабрицио Романо.

Алегри наводно ќе потпише тригодишен договор, а новитет во соработката помеѓу него и Јувентус е што Алегри ќе има поголеми овластувања, односно ќе одлучува околу трансферите на клубот.

„Старата дама“ имаше тешка сезона зад себе, најлоша во последните 10 години, а лошиот резултат нема да го преживее Андреа Пирло.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.