Ништо од Гризман, Чоло бара напаѓач: ТРИ имиња во игра!

По се изгледа ништо нема да испадне од враќањето на Антоан Гризман во редовите на мадридски Атлетико. Францускиот напаѓач се поврзуваше со дресот на „јорганџиите“, меѓутоа не дојде до договор со Барселона, па затоа тренерот на клубот Диего Симеоне е во потрага по напаѓач.

Прва желба на Аргентинецот наводно бил играчот на Уеска, Рафа Мир, кој минатата сезона постигна 13 погодоци и го сврте вниманието кон себе. Ателетико исто така е заинтересиран и за уругвајскиот напаѓач на Валенсија, Макси Гомез.

Според некои информации на Симеоне му се допаднале квалитетите и на играчот на Барселона, Дембеле, меѓутоа јасно е дека тешко ќе го реализираат овој трансфер. За кој ќе се одлучи темпераметниот тренер останува да видиме.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.