Ништо ново кај „фармацефтите“: Еурофарм Работник водеше и со четири гола разлика, но на крајот повторно загуби

Исто како и на минатите натпревари, ракометарите на Еурофарм Работник загубија со еден гол разлика (23-24), од словачкиот Татран Прешов во петото коло од Лигата на шампионите.

За клубот од Битола ова е четврти пораз во најквалитетното ракометно наптреварување. „Фармацефтите“ водеа и со четири гола предност кој не беа доволни за да стигнат до победа. Во првото полувреме македонскиот претставник замина со минимално водство (14-13).

Во вториот дел Еурофарм стигна и до водство од 21-17 во 45. минута од натпреварот, но потоа следеа кошмарни 15. минути за битолчани. Словаците во 53. минута стигнаа до водство од 21-22. Во израмнет финиш, Лапајне му донесе голема победа на Татран Прешов за конечни (24-23).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .