Никој не очекуваше Интер да ја најде замената за Лукаку во овој играч

Само прашање на време е кога Челси ќе го официјализира трансферот на Ромелу Лукаку, кој си заминува од Милано откако раководството на Интер ја прифати понудата вредна 115.000.000 евра.

Токму затоа „нероаѕурите“ се во потрага по негова замена, а во моментов, помалку изненадувачки прва цел е францускиот напаѓач Антонио Марсијал, кога италијанскиот првак сака да го донесе на позајмица до крајот на годината.

Меѓутоа, британскиот „Сан“ пренесува дека Јунајтед прифаќа само трансфер, а според информациите ќе се задоволат со 60.000.000 евра (толку и го купија од Монако). „Сан“ исто така тврди дека Јунајтед можеби би го пуштил Марсијал и на позајмица, но само доколу има обавезен откуп на договорот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .