Никогаш не го потценувај: Неверојатен пресврт на Надал! (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска стигна до неверојатна победа на завршниот турнир во Лондон, против Данил Медведев. Светскиот број 1 победи со 2-1 и тоа после неверојатен пресврт.

Првиот сет го доби Медведев и тоа после тај-брејк (7-6). Вториот сет лесно го доби Надал кој веднаш поведе со 2-0, а на крајот доаѓа до победа од (6-3) и изедначува на 1-1.

Двајцата тенисери влегоа мотивирани во одлучувачкиот трет сет, а тука се покажа шампионското срце на Надал кој уште еднаш докажа дека никогаш не треба да се отпише.

Верувале или не, Медведев водеше со неверојатни 4-0, а имаше две брејк шанси за да поведе и со 5-0. Надал губеше и со 5-1, а Медведев имаше меч топка на сервис на Надал која не је искористи.

Надал ја искористи оваа шанса и стигнува до неверојатни 5-5. После тоа се играше тај-брејк, во кој поуспешен беше Шпанецот, кој стигна до првата победа на турнирот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .