Никогаш не го отпишувај Вардар: Фленсбург совладан во Скопје!

Се уште актуелниот европски првак Вардар стигна до првата победа во Лигата на шампионите на домашен терен против Фленсбург кој беше огромен фаворит пред натпреварот и за кого ова е прв пораз сезонава.

Најзаслужен за победата беше феноменалниот капитен на тимот од Скопје Стојанче Стоилов кој беше вистинска енигма за германскиот бундеслигаш (31-26).

Гостите подобро го започнаа натпреварот со водство од 0-2. „Црвено- црните“ ја зацврстија одбраната и со серија од 4-0 дојдоа до +2. Најголемото водство Вардар во првото полувреме го имаше со 15-11, а на полувремето заминаа со предност од два разлика (17-15).

Германците повторно започнаа со серија од 0-2 и израмнија (17-17), но избраниците на Стевче Алушовски направија нова серија од три гола. Домаќините продолжија во ист стил и на крајот славеа со убедливи 31-25.

Германците повторно започнаа со серија од 0-2 и израмнија (17-17), но избраниците на Стевче Алушовски направија нова серија од три гола. Домаќините продолжија во ист стил и на крајот славеа со убедливи 31-25.

Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов го одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера. Капитенот постигна неколку мајсторски голови, а мечот го заврши со дури осум погодоци од десет обиди.

Одлични беа Дисингер и Јотиќ со по четири погодоци. Кај Фленсбург најефикасен беше Согард Јохансен со шест голови, додека Магнус Јондал имаше два помалку. Ова за Вардар беше само вториот натпревар во најквалитетното натпреврарување.

ФОТО: РК Вардар

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .